Лоши вести за Таунс, татко му исто така позитивен на ковид-19

Карл

Карл Ентони Таунс, центарот на Минесота Тимбервулвс, на емотивен начин сподели со јавноста дека неговата мајка е во кома поради коронавирусот.

Сите НБА ѕвезди испратија поддршка за својот колега од кошаркарските терени, кој доби нови лоши вести. Последица од болеста има и татко му, Карл сениор, кој исто така добил позитивни резултати на ковид-19.

За разлика од неговата мајка, тој подобро се справува со вирусот и заздравува во болница.

Американските фанови беа лишени од НБА лигата поради ширењето на епидемијата. Истата започна од центарот на Јута Џез, Руди Гобер, кој беше првиот позитивен на коронавирусот.