• Сашо Поповски

Лоши вести за екипата од Пиреја. Американскиот центар, Патрик Јанг, ќе отсуствува од терените до крајот на сезоната, заради повреда на лигаментите на коленото. Првичната слика кажуваше дека не се работи за посериозна повреда, но дополнителните анализи го докажаа спротивното. Во наредните денови, екипата на Олимпијакос ќе го објави денот на операција и времето кое ќе биде потребно за рехабилитација на младиот центар.
Оваа сезона, Јанг одигра пет натпревари во Евролигата и забележа просек од 10.8 поени и 5 скока, за нешто повеќе од 19 минути поминати на паркетот.