• Горан Упале
Македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски се соочува со незгодна повреда, откако медицинските прегледи потврдија целосно кинење на десниот внатрешен кос стомачен мускул.
Според информациите од Наполи Баскет, мускулот се одвоил од местото на припој на единаесеттото ребро, поради што македонскиот репрезентативец мораше да го пропушти натпреварот против Канту.
Јакимовски веќе ја започна пропишаната програма за лекување и рехабилитација под надзор на медицинскиот тим на италијанскиот клуб. Засега нема конкретна процена за должината на паузата.
Периодот на закрепнување ќе зависи од напредокот на кошаркарот и одговорот на организмот на терапијата.


