Лоши вести за Бруклин: Дурант го повреди коленото, не се знае периодот на заздравување

Кевин Дурант го повреди коленото на натпреварот на Бруклин Нетс против Њу Орлеанс Пеликанс.

Ѕвездата на „мрежичките“ ги повреди лигаментите и ќе мора да прави пауза. Тимот ја потврди дијагнозата на играчот и кажа дека не се знае точно кога ќе може да се врати на терените.

Брус Браун падна на ногата на Дурант на пет минути до крајот на првото полувреме. 33-годишникот веднаш замина во соблекувална и очекувано не го доигра натпреварот.

11-кратниот „Ол-стар“ играч има МВП-сезона во Бруклин, со просек од 29,7 поени, 7,5 скока и 5,9 асистенции и шут 52% од поле.