Лоша организација, навреди кон Антиќ...: Пелистер ќе плати петпати повеќе од МЗТ Скопје

Битолчани за првпат во историјата беа сведоци на едно кошаркарско финале во македонскиот шампионат. Пелистер забележа историски успех и за првпат настапи на една финална серија, но не успеа да направи голем подвиг и да освои прв шампионски трофеј.

Старо-нов шампион на Македонија е МЗТ Скопје, кој со 3-1 во финалната серија славеше над битолскиот состав. Неколку дена по последниот натпревар одигран во Битола, раководството на КФСМ го објави последниот овосезонски билтен, каде се наведени сите казни кои екипите треба да ги платат поради разни основи.

Најмногу се „оштетени“ пелистерци, кои поради лоша организација, фрлање на предмети на терен, технички лични греши, навреди кон претседателот Перо Антиќ ќе треба да платат казна од 146.000 денари. На спротивната страна, пак, МЗТ Скопје од својата каса ќе треба да издвои само 30.400 денари.

  • Билтенот на КФСМ: