Лоренцо Браун од Макаби е првиот МВП на плеј-инот во Евролигата

Кошаркарот на Макаби Тел Авив, Лоренцо Браун, е првиот во историјата кој се закити со трофејот МВП на плеј-инот во Евролигата. Елитното натпреварување за првпат воведе вакво признание, па токму плејмејкерот на „израелската гордост“ ја има честа во премиерната година. 

Макаби ја совлада Басконија со убедливи 113-85, а Браун имаше учинок од 29 поени (седум постигнати тројки, по пет асистенции и скокови, како и една украдена топка.

Американско-шпанскиот кошаркар беше лидер на тимот (35 индексни поени) и го одведе во плеј-офот, каде ќе се соочи со грчкиот гигант, Панатинаикос. Серијата започнува на 23 април.