Лоренцо Браун го засили италијанскиот евролигаш Олимпија Милано

Доскорешниот кошаркар на Панатинаикос, Лоренцо Браун, официјално е нов играч на италијанскиот евролигаш, Олимпија Милано. 

Клубот објави дека потпишал двегодишен договор со 34-годишниот Браун, кој во кариерата го носеше дресот на повеќе европски гиганти и неколку тимови од НБА лигата. 

За Панатинаикос одигра само една сезона и просечно бележеше 6,3 поени, 2,7 асистенции и два скока по натпревар.