Локомотив Кубан му го украде О’Брајан на Макаби

Високиот американски центар Џони О’Брајан во новата сезона ќе го носи дресот на Локомотив Кубан. Центарот се одлучи за понудата на рускиот клуб и го одби Макаби, кој му нудеше настап во Евролигата.

Понудата на Локомотив Кубан беше финансиски поповолна и кошаркарот во ниту еден момент не размислуваше. Тренерот Лука Банти има на располагање многу моќен состав ако се знае дека претходно за овој руски клуб потпиша Сем Декер.

Локомотив Кубан следната сезона ќе настапува во групната фаза на Еврокупот.