• Саше Љолес
Кошаркарската федерација на Грција официјално потврди дека Василис Спанулис ќе ја продолжи својата улога како селектор на сениорската репрезентација.
И покрај тоа што е актуелен тренер на францускиот клуб Монако, Спанулис ќе ја предводи грчката репрезентација во претстојните квалификации за Светското првенство во кошарка 2027 година.
„Федерацијата сака да изрази искрена благодарност до тренерот Спанулис за неговата посветеност, како и до клубот Монако за разбирањето и одличната соработка, кои овозможија тој да продолжи да ја води репрезентацијата.
Уверени сме дека и грчките клубови, особено оние што настапуваат во Евролигата, ќе покажат слично разбирање за важноста на претстојните квалификациски натпревари“, се наведува во соопштението на Федерацијата.
Грција ќе ја започне квалификациската кампања на 27 ноември со натпревар против Романија во Солун, а три дена подоцна ќе гостува во Португалија.
Василис Спанулис има 43 години и ја презеде селекторската функција во октомври 2023 година.
