ВИДЕО: Љуљ направи ПЕТ ЧЕКОРИ без да тапне, „делиите“ бесни на судиската тројка

Серхио Љуљ

Реал Мадрид беше подобар ривал и заслужено ги освои бодовите на гостувањето во Србија кај Црвена Звезда.

Кошаркарите на Пабло Ласо одиграа подобро во завршницата и стигнаа до првата радост надвор од шпанската престолнина. Сепак, дуелот не помина без полемични моменти, на кои сеир прават фановите на најдоброто европско кошаркарско натпреварување.

Главен актер во целата ситуација на крајот од првиот дел беше Серхио Љуљ. Шпанскиот плејмејкер заборави дека треба да ја води топката, па направи дури пет чекори, без да добие опомена од судиите на теренот.

Ваквата акција ги разбесни „делиите“, кои бурно протестираа до арбитрите. Погледнете ја ситуацијата и проценете сами: