Љуљ, Марк Гасол, Рики Рубио..., Скариоло ги избра патниците за СП во Кина 

Серџо Скариоло, селекторот на шпанската кошаркарска репрезентација, им се заблагодари на Диоп и Фернандез и ги одбра 12-мината со кои ќе атакува на златниот медал на Светското првенство во Кина

Шпанија е еден од најголемите фаворити за највисок пласман на претстојниот Мундијал и покрај отсуствата на неколку ѕвезди. Предводници на „фуријата“ во Кина ќе бидат Марк Гасол, Рики Рубио, Серхио Љуљ, Руди Фернандез...

Составот на Шпанија за СП: 
Квино Колом, Рудри Фернандез, Хуанчо Хернангомез, Марк Гасол,  Пау Рибас, Чави Рабаседа, Хавиер Беиран, Рики Рубио, Серхио Љуљ, Вили Хернангомез.

Шпанија на планетарниот собир ќе се натпреварува во групата Ц заедно со Иран, Порторико и Тунис