Литванскиот Жалгирис во еден ден „раскина“ со четворица Американци

Управата на литванскиот гигант Жалгирис објави дека ја прекинува соработката со четворица кошаркари, а тоа се Брајан Данстон, Мет Мичел, Ајзеа Вонг и Бреди Манек. 

Четворицата имаа скоро безначаен учинок минатата сезона и не ја оправдаа довербата од стручниот штаб, па затоа разделбата беше повеќе од очекувана. 

Данстон и Мичел најверојатно ќе се преселат во тимот на Лиетвус Ритас, додека Вонг и Манек стануваат слободни агенти и ќе бараат нов клуб во кариерата. 

Жалгирис ќе има целосно поинаков ростер следната сезона, а неодамна доведе звучно засилување и потпиша договор со Американецот Мозес Рајт. 

ФОТО/PHOTO: Zalgiris Kaunas