• Саше Љолес
Селекторот на литванската кошаркарска репрезентација, Казис Максвитис, го објави списокот на кошаркари кои ќе настапат на Светското Првенство кое ќе започне на 20 август.
Од конечниот список отпаднаа Донатас Таролис и Довидас Гиедраитис, откако селекторот се одлучи да не ги повика за претстојниот пријателски натпревар со селекцијата на Франција.
Списокот на регистрирани играчи се состои од Јонас Валанчунас, Игнас Браздеикис, Тадас Седекерскис, Томас Димса, Еимантас Бенџиус, Маргирис Нормантас, Рокас Јокубаитис, Азуолас Тубелис, Ваидас Кариниаускас, Миндаугас Кузминскас, Деивидас Сирвидис, Донатас Мотиејунас и Габриелиус Малдунас.
Репрезентацијата на Литванија ќе ја одигра „контролката“ со Франција, а потоа следи настапот на Мундобаскетот, каде во групата Д ќе игра против селекциите на Црна Гора, Египет и Мексико.