Литвански репрезентативец жртва на грабеж, украдени му се 6.000 евра од хотелската соба

Литванија

Непосредно пред мечот со Германија, кој ќе биде директен дуел за првото место во групата Б, литванскиот кошаркар, Донатас Мотиејунас беше жртва на грабеж.

Ова е прв ваков инцидент на Евробаскетот, а се случил кога арамии влегле во собата на Литванецот и му украле 6.000 евра. Оваа информација ја пренесе добро познатиот кошаркарски новинар, Дејвид Пик, кој потврди дека полицијата работи на решавање на случајот.

Останува да видиме како овој инцидент ќе влијае врз Мотиејунас и неговите соиграчи во последниот меч од групата Б.