• Саше Љолес

Главната ѕвезда во литванскиот тим, Јонас Валанчунас, постигна единаесет поени во убедливиот пораз од Србија (87-68), но успеа да постави нов рекорд во репрезентацијата.
Центарот на Њу Орлеанс Пеликанс, на мечот со нашиот северен сосед, стана најдобар стрелец во историјата на националниот тим, минувајќи го на „вечната“ листа Линас Клеиза. Валанчунас сега има вкупно 273 поени, а досегашниот рекорд на Клеиза беше 267 поени.
Рекордот беше срушен уште во првата четвртина, во која високиот кошаркар постигна седум поени, а до крајот на мечот само го подобри неговиот скор. Србија ја „откажа“ Литванија уште во третата четвртина и на убедлив начин се пласираше во полуфиналето на Мундобаскетот, но можеби овој рекорд барем малку ќе го израдува Валанчунас.