Литванија со убедливо издание против Доминиканската Република се прости од СП

Литванија победа

Литванија го заврши настапот на Светското првенство во Кина со убедлива победа над Доминиканската Република (55-74).

По лошата арбитража и поразот од Франција, литванските кошаркари останаа без можност да играат четвртфинале. Затоа мораа да се задоволат со трето место во групата во втората фаза на Мундобаскетот.

Денес фаворизираните Литванци немаа големи проблеми и стигнаа до трета победа на светскиот собир. Доминиканската Република беше достоен противник само во третиот период, кој го доби со 15-14.

  • Извештај од натпреварот: 

Остатокот од мечот му припадна на европската репрезентација која се прости со утешен триумф. Валанчиунас и Лекавичиус со по 19 поени ја предводеа Литванија на денешната средба.