Литванија со убедлив триумф над Египет го отвори настапот на Мундобаскет

Репрезентацијата на Литванија со убедлив и рутински триумф го стартуваше Светското кошаркарско првенство и славеше над Египет со огромни 93-67. 

„Зелените“ имаа мали проблеми само на почетокот од натпреварот, а потоа ги ги зедоа „уздите“ во свои раце и го дотолчија противникот. Уште при крајот на првата четвртина Литванија имаше двоцифрена предност, а на полувремето водеше со 46-34. Поранешната советска република не ја испушти предноста и до крајот на мечот само ја зголемуваше разликата. 

Во последната четвртина најголемата предност достигна +31 поен, а на крајот триумфот беше изразен со 26 поени разлика. Најдобар поединец во победничкиот состав беше Нормантас со 18 поени, а одличен беше и Валанчунас кој забележа „дабл-дабл“ од 15 поени и 10 скокови. 

Кај репрезентацијата на Египет имаше тројца двоцифрени кошаркари. Мареи беше најефикасен со 14, а зад него следуваа Ел Генди со 13 и Махмуд со уште 11 поени.