• Мартин Танасковски
Литванската кошаркарска федерација официјално го назначи Римас Куртинаитис за нов селектор на машката кошаркарска репрезентација.
64-годишниот Куртинаитис на оваа функција ќе го наследи Казис Максвитис. Договорот на стратегот ќе биде до Олимпијадата во Лос Анџелес во 2028 година.
Назначувањето на Римас Куртинаитис доаѓа по неколку разочарувачки резултати за Литванија, како што е 15-тото место на Евробаскет 2022 година и неуспехот да се квалификува за ЛОИ во Париз претходно оваа година. Куртинаикис ќе дебитира на чело на тимот во ноември на квалификацискиот натпревар за Евробаскетот во 2025 година против Македонија во СРЦ „Кале“.
64-годишниот Куртинаитис беше назначен за тренер на Сабах на почетокот на годината, а претходно ги водеше Волвс, Химки, Лиетувос Ритас, Канта, Рига, Сласк, Сакалаи, Урал и Гала Баку.