Литванија со двете најголеми ѕвезди на олимпискиот квалификациски турнир

Селекторот на литванската кошаркарска репрезентација, Казис Максвитис, изјави дека националниот тим ќе отпатува на квалификацискиот турнир за Олимписките игри со двете најголеми ѕвезди, Домантас Сабонис и Јонас Валанчунас. 

Двајцата НБА играчи изразиле желба да настапат за својата селекција и покрај тешката и долга сезона, а тоа неизмерно ги израдува сите навивачи кои очекуваат „виза“ за Игрите во Париз. 

„Домантас и Јонас имаа тешки сезони, но знам дека ќе дојдат полни со енергија. Тие ни се потребни повеќе од било кога, па мислам дека со нив во тимот имаме одлични шанси за пласман во Париз“, изјави Максвитис. 

Литванија ќе настапи на квалификацискиот турнир кој ќе се одржи во Порторико и ќе игра во групата А заедно со Брегот На Слоновата Коска и Мексико, каде ќе ја има фаворитската улога за освојување на својата конкуренција.