• Зоран Мишевски

Кошаркарската репрезентација на Литванија ја оправда фаворитската улога на дуелот против Црна Гора и како првопласирана пренесува максимален број на бодови во главната групна фаза. Литванците со шутерско шоу ја декласираа бледата црногорска селекција со 91-71.
Од почетокот балтичката селекција доминираше, а во третиот квартал го прекрши прашањето на победникот. Григорис со 16 и Кузмнинскас и Сабонис со по 15 поени беа најефикасни во перфектниот литвански табор. Кај Црна Гора се истакна Кендри Пери со 21 поен.
Италија се рехабилитираше од поразот од Доминиканската Република и ја совлада селекцијата на Филипини со 90-83. Со оваа победа момците на Поцеко обезбедија пласман во втората фаза од Мундобаскет.
Фонтекио беше најефикасен со 18 поени, пред Ричи со 14 и Спису со 13 поени. Кај Филипини најпозитивен беше Кларксон со 23 поени.