Литванија добива одлично НБА засилување за претстојиот Евробаскет

Литванската кошаркарска репрезентација ќе пријави еден странец кој ќе го засили тимот за претстојното Европско првенство. 

Нов член на националниот тим ќе биде Американецот ДиАнџело Расел, кој минатата година се врати во Лос Анџелес Лејкерс, а сезонава бележи солиден просек од 11,5 поени, 4,9 асистенции и 2,3 скока по натпревар. 

Информацијата сѐ уште не е потврдена од литванската федерација, но веројатно доволен е Инстаграм коментарот на Расел, кој напиша „ајде да го оствариме и тоа“. 

Литванија добива одлично засилување за веќе постоечкиот ростер, па оваа репрезентација може навистина да биде незгодна за сите репрезентации на Евробаскетот следната година. Избраниците на Римас Куртинаитис се среќаваат со Македонија на 24 ноември и со евентуална нова победа ќе го обезбедат учеството на континенталниот собир.