Литванија без селектор, Адомаитис најави заминување

Литванскиот селектор Даиниус Адомаитис заминува од своето работно место по завршувањето на Светското првенство во Кина. Поразот од Франција, зачинет со груби судиски грешки, кои подоцна ги потврди и ФИБА, скапо ги чинеше Литванците. 

Адомаитис четири години беше селектор на Литванија, а сега веројатно ќе се врати во клупската кошарка. Поразот од „триколорите“ ги оддалечи Литванците од борбата за највисок пласман и нивната финална класификација ќе биде пласман од осмото  до шеснаесеттото место. 

Литванската репрезентација последен пат освоила медал од големите приредби пред три години кога се врати со бронзен медал од Лил, по поразот од Шпанија во финалето на Евробаскетот.