Литванец ќе му прави друштво под обрачите на Бојан Трајковски во Кожув

Екипата на Кожув донесе ново засилување за наредната сезона и потпиша договор со литванскиот кошаркар Томас Зданавичиус, кој се очекува да биде големо засилување под обрачите.

Се работи за 23-годишен крилен центар и центар, висок 203 сантиметри. Зданавичиус ќе му биде партнер на Бојан Трајковски во засилениот тим на Кожув, кој оваа година цели на пласман во Суперлигата.

Зданавичиус доаѓа од литванскиот тим Мажеику Ерелиаи, а во кариерата има настапувано уште за шест екипи во домашниот шампионат, како Силуте, Јувентус, Вилнаус...