Литванците верни на традицијата: Нема да го натурализираат ДиАнџело Расел

Кошаркарската федерација на Литванија ја отфрли можноста за ангажирање на натурализиран кошаркар и реши дека и во иднина ќе настапува само со играчи кои потекнуваат од таа земја. 

Литванците беа во добра позиција да го натурализираат Американецот ДиАнџело Расел од Лос Анџелес Лејкерс, но селекторот Римас Куртинаитис и неговиот стручен штав процениле дека нема потреба од такво нешто и нема да ја нарушат традицијата на националниот тим. 

Кошарката во Литванија е на рангот на религија, а оваа селекција никогаш немала странци во тимот и секогаш се потпирала на сопствените таленти. Единствен играч кој не е роден во Литванија, а играл за оваа репрезентација е Игнас Браздеискас, но сепак, неговите родители имаат литванско потекло.