Литванците ќе играат на СП без својот најдобар центар

Гудаитис

Репрезентацијата која секогаш важи за фаворит од сенка на големите натпреварувања е Литванија. Оваа година, кошаркарите на Јонас Казлаускас ќе се обидат да приредат изненадување на Светското првенство во Кина.

Но, таму ќе бидат значително ослабени на центарската позиција. Еден од најдобрите центри во Евролигата, Артурас Гудаитис, нема да настапи на светскиот собир поради повреда.

26-годишникот заздравува и се очекува целосно да се врати на кошаркарските терени во октомври. Со повреда се здоби на 1 февруари на дуелот против Гран Канарија. Се работи за вкрстените лигаменти на коленото.

Не се очекува да биде подготвен за почетокот на новата сезона, па Олимпија Милано ќе мора без него во првите неколку натпревари.