Липкинс ќе го разигрува ФМП, Харис замина во Швајцарија

Американецот Терел Липкинс е новиот организатор на играта на Академија ФМП.

Липкинс својата професионална кариера ја започна во екипата на ГБА Лионс Храдец од Чешка, каде што настапуваше во сезоната 2016/17, а потоа премина во екипата на Политехна од Романија за потоа да се врати и ги одигра последните две сезони во клубот каде што и започна.

Липкинс настапува на плејмејкерската позиција, а во редовите на ФМП доаѓа како замена за Рони Харис кој својата кариера ќе ја продолжи во Швајцарија. 

29-годишниот Терел во изминатата сезона во просек постигна 18 поени, 5 скока и 7 асистенции.