Лилард се повреди, Портланд два месеци без најдобриот

Портланд Треил Блејзерс е во големи проблеми, бидејќи остана без најдобриот кошаркар Демиен Лилард. 

Одличниот плејмејкер е лидер на тимот на теренот, со неверојатни партии често е главна алка во нападот на Портланд, но сега ќе мора да отсуствува од шест до осум седмици. Лилард има повреда на абдоменот и за подобрување на неговата здравствена ситуација е неопходен одмор. 

Неговиот кам-бек на терените во моментов е под знак прашалник, бидејќи размислува дали да оди на операција. Ако Портланд се најде на позиција која води во плеј-офот, тогаш Лилард ќе го одложи зафатот за налето, но доколку неговиот тим не дојде до доигрувањето тој нема да ризикува. 

Во досегашниот дел од сезоната Лилард во просек уфрла по 24 поени, со 7,3 асистенции и 4,1 скокови по натпревар.