• Иван Димовски

Дејмиан Лилард е во потрага по нова средина за новата сезона, бидејќи побара трејд од Портланд Треил Блејзерс. Самиот тим нема да го кочи заминувањето на првата ѕвезда, меѓутоа за возврат бара сериозни имиња.
Токму поради тоа веројатно од трката отпаѓа Мајами Хит. Тимот од Флорида го нуди Тајлер Хиро и два пика од прва рунда за иднината, што е премалку за играч од калибарот на Лилард. Наводно Портланд не сака да преговара со Мајами, поради фактот декеа испратиле несериозна понуда.
Според добро упатениот Марк Спирс, Треил Блејзерси ги разгледуваат другите опции. Преговорите се во тек со неколку клубови, како Чикаго, Филаделфија и Милвоки. Бакси наводно биле најзаинтересирани за можноста да направат страшно дуо со Јанис Адетокумбо и Дејмиан Лилард.
Сепак, останува да се види што тие можат да му понудат на Портланд за договорот на Лилард и дали може да се најде заеднички јазик. Нема сомнеж дека тим во кој заедно би играле Лилард и Адетокумбо ќе биде претендент за титулата.