Лилард призна: Во НБА лигата е многу полесно да се поентира...

Лилард

Дејмиан Лилард го освои златниот медал на кошаркарскиот турнир во Токио заедно со репрезентацијата на Соединетите Американски Држави.

Одличниот шутер по турнирот призна дека правилата на ФИБА прават на натпреварите на Олимпијадата или на Светските првенства да биде потешко за поентирање за НБА играчите.

„Во овие натпревари нема толку многу фаули. Се игра повеќе физичка кошарка. А, нема ниту дефанзивни три секунди. Поради оваа причина, нападите се одвиваат во повеќе гужва.

Мислам дека сето тоа дефинитивно го отежнува постигнувањето кош кога играте според правилата на ФИБА во споредба со НБА, каде што е дозволен многу помал контакт, има три секунди... Има многу работи кои се различни и што го олеснуваат постигнувањето поени во НБА лигата“, смета членот на Портланд.

Во текот на игрите ова лето, Лилард запиша просек од 12,8 поени и заедно со Кевин Дурант беше најдобар стрелец на Американците.