ВИДЕО: Лилард ја реши драмата, Портланд го „скрши“ жилавиот Мемфис

Љубителите на кошарката ја видоа првата голема драма и продолженија по рестартот на НБА лигата. Портланд Треил Блејзерс по екстра времето го надигра Мемфис со 140-135, во незаборавен дуел, во кој двете екипи имаа шанси да извојуваат победа во регуларниот тек. 

МекКалум со 33, Лилард со 29 и Ентони со 21 поен беа најефикасни во победничкиот табор, а кај поразените се истакна Џексон со 33 поени.

  • Портланд - Мемфис 140-135:

  • Играч на натпреварот:

Победа извојува и Феникс Санс, кој славеше против Вашингтон Визардс со 125-112. Букер со 27 и Аитон со 24 поени се издвоија кај „сонцата“, а Јапонецот Хачимура со 21 и Робинсон со 20 поени беа најдобри кај волшебниците.

  • Феникс - Вашингтон 125-112:

Ноќва се играат уштре три натпревари од вториот ден по рестартот на НБА лигата по пауза од четири месеци.