ВИДЕО: Лилард го поништи „трипл-дабл“ ефектот на Вестбрук, Портланд подобар од Оклахома

Кошаркарите на Портланд Трејл Блејзерс поведоа со 1-0 во серијата против Оклахома Сити Тандер, откако по голема борба Лилард ја извлече својата екипа од непријатна ситуација и донесе победа од 104-99. Тимот од Орегон водеше во текот на целиот натпревар, а на моменти во вториот период таа предност изнесуваше и 15 поени.

  • Извештај од натпреварот:

Лилард со поени во клучните моменти кога Оклахома се доближи, направи серија на поени и впиша триумф на почетокот од серијата. Со 30 поени, четири скока и четири асистенции Лилард ја потврди одличната форма и беше најефикасен поединец на натпреварот. Поддршка имаше од Си-Џеј Мекалум кој постигна 24 и Турчинот Кантер со 20 поени.

  • Натпреварот на Дамјан Лилард против Оклахома: 

Кај поразената Оклахома најефикасни беа Пол Џорџ со 26 поени и Расел Вестбрук кој оствари трипл-дабл и крај своето име запиша 24 поени и по десет скокови и асистенции. Одличен натпревар одигра и Новозеланѓанецот Стивен Адамс, кој натпреварот го заврши со 17 поени и девет освоени топки.

  • Натпреварот на Расел Вестбрук против Портланд:

Во ноќта меѓу вторник и среда се игра вториот натпревар, а домаќин пак ќе биде Портланд.