Лилард добива сто милиони за две години

Лилард

Портланд Треил Блејзерс нема намера да се раздели со својата прва ѕвезда Дејмиан Лилард.

Медиумите во Соединетите Американски Држави пишуваат дека одличниот шутер ќе добие примамлива понуда од екипата каде ја игра цела своја НБА кариера. Се работи за двегодишно продолжение на соработката за кое ќе добие сто милиони долари.

31-годишникот беше избран како шести пик на драфтот во 2012 година. Иако често нема конкурентен тим во Портланд, Лилард одлучи да биде верен на франшизата која му ја даде првата шанса во најсилната лига на светот.

Блејзерс за новата сезона го обезбедија потписот на талентираниот Џерами Грант.