Лидерот ги задржа старите навики, ФМП Академија немоќна во Битола

Лидерот Пелистер ги задржа старите навики и во новата 2022 година. Во дуелот од 13. коло во спортската сала „Боро Чурлевски“ падна Навико ФМП Академија со 94-73. За домашната екипа дебитираa Пајиќ и Георги Трајковски, а заради повреда не настапија Младеновски и Ѓуровски. 

Битолчани почнаа со многу цврста одбрана и лесни поени на Хотон и Кесар. Гостите не може да влезат во ритам, а лидерот го полнеше кошот на скопјани. Со одлична распореденост на цела прва петорка Пелистер првиот квартал го заврши со убедливи 30-12.

Иако гостите го подобрија шутот во втората четвртина, посебно благодарение на Крстајиќ, сепак битолчани доминираа и разликата се движеше меѓу 15-20 поени, Тројки погодија Стајиќ и Младеновиќ, Малешевиќ и Кесар беа незадржливи со +16 се замина на големиот одмор. 

Третата четвртина започна во знакот на Кесар, кој погоди тројка и атрактивно заби и предноста пак ја надмина границата од 20 поени. Со актактивни потези на Хотон, Малешевиќ и Кесар битолчани лесно ја одржуваа дистанцата, а Крстајиќ единствен парираше кај гостите. Во последната четвртина многу се грешеше, но фаворитот ја оддржа предноста и славеше со 94-73.

Најефикасни кај Пелистер беа Кесар со 24, Малешевиќ со 20 и Хотон со 17 поени, додека во тимот на Навико ФМП Академија се истакнаа Крстајиќ со 17 и Ивеј со 14 поени. Пелистер ќе има сериозен тест на непобедливоста идниот викенд во СЦ „Јане Сандански“ против Феникс 2010.