ВИДЕО: Лични рекорди за Мареј и Ембид, Клиперси го добија дербито со Јута

Ембид

Џамл Мареј и Џоел Ембид ја одбележаа изминатата НБА ноќ, поставувајќи лични поентерски рекорди.

Кошаркарот на Денвер со 50 поени го почести Кливленд и беше прво име на Денвер во победата на гостински терен (103-120). Еден од најдобрите поединци во минатогодишниот плеј-оф одигра феноменално со шут од поле 21/25. Никола Јокиќ се надоврза со „трипл-дабл“ од 16 поени, 12 скока и десет асистенции.

Центарот на Филаделфија блесна на натпреварот против Чикаго (115-102). Камерунецот продолжи да игра во МВП форма и покрај 50 поени собра уште 17 скока. Неговата игра беше ноќна мора за противникот, кој постојано бркаше негатива и на крај мораше да се задоволи со пораз.

Ѕвездите се вратија во редовите на Лос Анџелес Клиперс кој ја надигра Јута Џез во дербито на Западот (116-112). Мечот беше неизвесен до самиот крај, кога Ленард и Џорџ покажаа зошто се лидери на екипата на Тајрон Лу. Тие го водета тимот за да ги одбие сите обиди на „џезерите“ да направат пресврт, по негативата во првиот дел. Донован Мичел со 35 поени беше најефикасен на теренот.

Милвоки конечно победи и се израдува на свој терен против Оклахома Сити (98-85) во еден од најнеефикасните натпревари. Антетокумбо диригираше со 29 поени и 19 скока.

Орландо минимално го совлада Голден Стејт (124-120), Феникс победнички си замина од Њу Орлеанс (114-132), Мемфис го среди Детроит (109-95), а Торонто ја продолжи победничката серија кај Минесота (81-86).