Левски ѝ излезе во пресрет на Академија ФМП, ќе се сретнат во февруари

Натпреварот меѓу Левски и Академија ФМП во регионалната БИБЛ-лига е одложен, не се одигра во планираниот термин, но доби нов датум.

Бугарскиот тим му излезе во пресрет на македонскиот ривал и го прифати барањето овој натпревар да се одигра во нов термин. Двата тима ќе се судрат на 1 февруари во рамки на регионалното натпреварување.

Академија ФМП следниот БИБЛ-дуел ќе го игра во Ботевград против Балкан на 8 декември.