• Мартин Танасковски

Бугарскиот кошаркарски првак Левски Лукоил е заинтересиран во своите редови за време на летото да го донесе најдобриот кошаркар на Работнички кој е еден од најзаслужните за титулата, Чавдар Костов.
Оваа вест ја потврди тренерот Тити Папазов, кој по финалето против Балкан истакна дека Костов е нивна број еден мета.
„Чавдар е нашиот приоритет летово. Неговата крв е сино-бела, како јуниор на Левски и неслучајно е избран за најдобар кошаркар во Македонија. Ќе видиме како ќе се одвиваат преговорите“, изјави Папазов.
Чавдар Костов беше гостин на последниот финален меч на кој Левски минимално славеше над Балкан и ја освои шампионската титула.