• Саше Љолес
Кошаркарската федерација на Летонија објави дека нов селектор на сениорскиот национален тим ќе биде Шпанецот Сито Алонсо, кој на клупата ќе го замени досегашниот кормилар, Лука Банки од Италија.
Банки ќе го предводи тимот на Европското првенство годинава, по што на неговото место ќе пристигне новиот селектор. Летонија е еден од домаќините на турнирот, а самата завршница ќе се одржи токму во главниот град, Рига.
Алонсо се очекува да ја продолжи успешната работа на Банки, кој во Летонија работи од 2021 година и отвари историски успех со освојувњето на петтото место на Мундобаскетот пред две години, а воедно ја доби и наградата за најдобар тренер на првенството.