Летонија е вториот финалист, Белгија ќе игра за трето место против Србија

Летонија

Баскет репрезентацијата на Летонија имаше успешен настап на дуелот со Белгија (21-8) и се пласира во финалето на турнирот во Токио.

Летонците ја оправдаа улогата пред почетокот на натпреварите и ќе имаат можност да се борат за највисок пласман. На денешниот меч беа убедливи и не му дадоа никаква шанса на противникот.

За златниот медал ќе се бори и Русија која направи изненадување и го исфрли тимот на Србија.

Овој спорт за првпат се игра на Олимписките игри. Летонците ќе имаат можност да станат први освојувачи на златното одличје.