Лесни гостински победи на Крива Паланка и Баскет Кам

Две очекувани победи за фаворитските екипи во последните два меча од седмото коло на „Шпаркасе Лајф“ Првата лига-жени. Баскет Кам запиша гостинска победа на теренот на Пробаскет со 50-69.

Цветанка Димова се врати во составот на Баскет Кам, и тоа веднаш беше „видливо“ во играта на бранителот на титулата на гостувањето во кавадаречки „Јасмин“.

Кметовска заврши со 18 поени (пет скока и четири асистенции), Димова додаде 16 поени (и осум сока и две асистенции, Адамовска впиша 15 (шест асистенции и пет скока), додека Максимовска застана на 9 поени. Во домашната екипа, Томас беше ограничена на четири поени (и исто толку скокови), додека Јовановиќ даде 18 поени.

Убедлива гостинска победа запиша Крива Паланка, која славеше во Неготино против Спорт Тим со 51-97. Груевска одигра уште еден одличен натпревар, кој го заврши со ефект од 31 поен (13/15 во обидите за два поени), дополнети со шест асистенции и два скока. Пул имаше 16, Алексовска даде 14.поени (и пет асистенции), додека Ниехуес придодаде 11 поени и 9 скока.

Во екипата на Спорт Тим, која останува на една победа во седум натпревари. Лукиќ постигна 18 поени, а Митановска ја следеше со 11 поени. 

Крива Паланка, Баскет Кам и ЖКК Вардар се на врвот со шест победи и еден пораз.