Леонид Тодоровски ќе се испроба во шпанската кошарка

Македонскиот кошаркар Леонид Тодоровски го напушти домашниот шампионат и кариерата ќе ја продолжи во Шпанија.

Играчот кој има 25 години потпиша договор со Куарте де Хуерва, кој игра во третата лига на Шпанија. Центарот минатата сезона ја мина во Кожув, каде на 13 натпревари забележа просек од 4,7 поени и 2,8 скока по меч.

Покрај во Кожув, Тодоровски настапуваше и за Работнички, МЗТ Скопје, Куманово, Академија ФМП и МЗТ Скопје Уни Банка.