Ленард успешно опериран, времето на закрепнување непознато

Американската јавност се прашува дали нивниот тим е доволно силен да го освои златниот медал на Олимписките игри во Токио. Нивните ѕвезди ја плаќаат цената на долгата сезона и повредите.

Кошаркарот на Лос Анџелес Клиперс, Каваи Ленард, успешно е опериран по делумно прекинување на предниот вкрстен лигамент на десното колено. Времето на закрепнувањето на 30-годишниот Американец е целосно непознато. Универзалниот кошаркар го повреди коленото во четвртиот натпревар од второто коло во плеј-офот против Јута Џез и го пропушти остатокот од плеј-офот.

Клиперси загубија Јута со 4-2 во серијата и не стигнаа до серијата за шампионскиот прстен.