ВИДЕО: Ленард се врати и го реши Портланд, продолжи одличниот старт за Бостон и Мајами

Клиперс

Каваи Ленард се врати во екипата на Лос Анџелес Клиперс и го водеше тимот кон победа во дуелот со Портланд Трејл Блејзерс (107-101).

Тој и Лу Вилијамс постигнаа клучни поени во завршницата и беа најзаслужни за новиот домашен успех на екипата на Док Риверс. Најдобриот играч на „клиповите“ постигна 27 поени и собра 13 скока, а Вилијамс запиша 26 поени.

Бостон продолжи со победи и славеше над Шарлот (87-108), во емотивен меч за Кемба Вокер. Плејмејкерот се врати во градот каде ја започна НБА кариерата и одигра скромен натпревар. Селтикси се зацврстија на врвот на Истокот и продолжија со одличниот старт на новата сезона.

Гостинска победа оствари Мајами кој воден од одличниот Џими Батлер го декласира Феникс (108-124). Новото засилување на „жешките“ постигна 30 поени во првиот дел и израмни достигнување на Леброн Џејмс.

Шутерска експлозија имаше Ламаркус Олдриџ, кој со 39 поени беше прв стрелец во триумфот на Сан Антонио против Оклахома Сити (121-112).