Ленард продолжи по свое, ќе паузира и против Милвоки

Каваи Ленард

Фановите на Лос Анџелес Клиперс покажаа незадоволство од последната одлука на екипата. Според истата, Каваи Ленард, првата ѕвезда на „клиповите“, поради одмор нема да настапи на дуелот со Милвоки Бакс.

Ова не е првпат минатогодишниот МВП играч на финалната серија да не е дел од тимот. Претходно ја пропушти Јута, кога соиграчите беа поразени во Солт Лејк Сити.

Сите очекуваа директен дуел на Ленард со најдобриот кошаркар на Бакси, Јанис Антетокумбо. Но, до тоа нема да дојде, што е разочарувачки за сите НБА фанови.

Ден подоцна, Док Риверс и неговите избраници ќе се сретнат со Портланд, кога бекот на Клиперси се очекува да се врати во ростерот.

На шесте настапи оваа сезона, Ленард оствари просек од 29,3 поени и 7,3 скока по натпревар.