Ленард нема да патува во Аризона, Клиперси без првата ѕвезда на петтиот меч

Каваи

Најголем хендикеп за Лос Анџелес Клиперс во серијата против Феникс Санс е неиграњето на Каваи Ленард.

Најдобриот кошаркар на тимот предводен од Тајрон Лу има проблеми со коленото. Поради претпазливост пропушта можност да ѝ помогне на екипата да го обезбеди првото НБА финале во својата историја.

Според последните пишувања на американските медиуми, 29-годишникот нема да биде дел ниту од петтиот натпревар. Ситуацијата со коленото засега не му дозволува да биде конкурентен за настап во конференциското финале.

Феникс има шанса да ја затвори серијата со победа на домашен терен. „Брејкот“ на гости во претходната средба ги донесе „сонцата“ на чекор од нов историски успех.