ВИДЕО: Ленард и Џорџ се разиграа, Клиперси прв пат ја добија Јута!

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс победија во третиот натпревар од четвртфиналната серија во НБА лигата, со што се вратија на 2-1 против Јута Џез (132-106). Пресметката во „Стејплс Центар“ не понуди многу неизвесност, домаќинот на крајот убедливо славеше и не дозволи „брејк“. 

  • Извештај од натпреварот: 

Јута отвори одлично, поведе со 8-0, но следеше инстантна реакција и бргу на семафорот стоеја нерешени 10-10. Клиперси ја презедоа контролата, ама не успеаја да се одлепат до полувремето кога за првпат поведоа двоцифрено. Во продолжението, Јута во неколку наврати враќаше на пристојна негатива, но со фуриозен финиш кошаркарите од Калифорнија го прегазија ривалот со убедлива разлика. 

Свој ден имаа двете ѕвезди на Клиперси, Каваи Ленард запиша „дабл-дабл“ ефект со 34 поени и 12 скокови, додека Пол Џорџ уфрли 31 поен. Кај Јута, најдобар беше Донован Мичел со 30, а го следеше Инглс со 19 поени, недоволни за подвиг во Лос Анџелес. 

Четвртиот натпревар од серијата е закажан за вечерта меѓу понеделник и вторник, со почеток од 04:00 часот.