Ленард го пропушта петтиот меч со Јута, дали серијата за него е завршена?

Ленард

Првата ѕвезда на Лос Анџелес Клиперс, Каваи Ленард, нема да настапи на петтиот натпревар во серијата против Јута Џез.

На крајот од претходната средба, кошаркарот на „клиповите“ го повреди коленото. Се шпекулира дека поради тоа би можел да го пропушти остатокот од серијата со „џезерите“.

Ленард и неговите соиграчи се вратија во игра за пласман во конференциското финале. По стартните два порази на гостински терен, тие го одбранија домашниот терен и израмнија на 2-2.

Петтиот меч меѓу Лос Анџелес Клипетс и Јута се игра вечерва во Солт Лејк Сити.