ВИДЕО: Ленард ги урна „воините“, Торонто на чекор до историска титула

Канада е на прагот да ја освои првата титула во историјата на НБА лигата, Дали дојде крајот на хегемонијата на Голден Стејт Вориорс ќе дознаеме веќе следната недела кога „воините“ мораат да надополнат 1-3 во серијата подобар од седум ако сакаат да дојдат до третата титула во низа. 

  • Извештај од натпреварот: 

Синоќа во четвртиот натпревар од финалната серија Торинто славеше со 105-92 и можеби го зададе завршниот удар. Третата четвртина Торонто ја доби со 37-21 и од -10 дојде до огромна позитива од +12 и таа предност не ја испушти до самиот крај. 

Каваи Ленард постигна 36 поени, а впиша и 12 скока. Одлична поддршка имаше од Серж Ибака, кој постигна 20 поени, некои во одлучувачката фаза од средбата. Клеј Томпсон со 28 и Стеф Кари со 27 поени беа најефикасни во поразената екипа. 

  • Натпреварот на Каваи Ленард: 

Во вторник се игра петтиот натпревар и во случај да слават Ленард и другарите, серијата ќе заврши со сензационален триумф на канадскиот тим.