ВИДЕО: Ленард ги уништи Маверикси, Клиперси се изборија за мајсторка во серијата

Седмиот последен натпревар ќе го одлучи патникот во конференциското финале од дуелот меѓу Далас и Лос Анџелес Клиперс, откако ноќва гостите од Лос Анџелес се радуваа на победа и израмнија на 3-3 во серијата.

Клиперси славеа на гостински терен со 97-104, благодарение на Каваи Ленард кој имаше блескава вечер и ги уништи сништата на домашните фанови. Далас во втората четвртина стигна и до +9, но Клиперси до полувремето ја анулираат негативата и на пауза заминаа со предност од 48-45.

Во последниот квартал кога домаќините водеа со 85-84, Клиперс направија серија од 16-5 и стигнаа до највисока предност од 100-90. Ваквата залиха искусниот тим на Клиперси не ја испушти и дојде до голема победа од седум разлика.

Ленард со 45 поени го предводеше Клиперс до победата, Лука Дончиќ постигна 29 поени, имаше 11 асистенции и осум скокови. Мајсторката се игра утревечер во Лос Анџелес со почеток од 21:30 часот по средноевропско време.