ВИДЕО: Ленард доби лакт од соиграч и раскрварен остана да лежи на паркетот

Лос Анџелес Клиперси славеа и во вториот сезонски дуел од НБА лигата, па на гости кај Денвер Нагетс запишаа триумф од 121-108. Џорџ и Ленард одново покажаа дека ќе имаат свој збор оваа сезона, па уште на стартот победија директни ривали за висок пласман. 

Каваи Ленард кој важи за еден од најдобрите дефанзивци во лигата, на овој натпревар заработи незгодна повреда која бргу беше санирана. Во обид да собере офанзивен скок, Ленард се судри со својот соиграч Серж Ибака, кој успеа да му ја раскрвари устата. 

  • Судирот меѓу Ибака и Ленард:

Судирот беше ненамерен, а во скокот Ибака со лакт го удри Ленард кој веднаш падна на земјата и не тргна назад во одбрана. Сепак, по брзата реакција на медицинските лица крварењето беше запрено и натпреварот продолжи без проблеми, па Клиперси убедливо победија.