Лекција за Германија од Французинките, домаќинот против Белгија во полуфиналето

Домашната селекција на Франција обезбеди учество во полуфиналето на кошаркарскиот турнир, откако ја победи Германија со конечни 84-71 во четвртфиналниот натпревар на Олимписките игри. 

„Триколорите“ во текот на целиот меч одиграа доминантно и во ниту еден момент не стравуваа за триумфот, додека Германија никако не успеваше да фати приклучок и да внесе барем мала неизвесност. Ривалот одигра поквалитетно само во првата и последната четвртина, а во меѓувреме на теренот постоеше само еден тим.  Втората делница им припадна на Французинките со осум поени предност, а на паузата резултатот гласеше 45-33. 

Стартот на вториот дел донесе нов налет на домаќините, Вилијамс и Шери постигнаа неколку поени во низа и влегоа во нова серија, а Германија во еден момент губеше и со деветнаесет поени разлика (54-73). Успеаја Германките да се вратат на минус единаесет во 37. минута, но без никакви сили за евентуален кам-бек и сензационален пресврт. 

Франција на крајот славеше со конечни 84-71, а најдобра кај победничкиот тим беше Марина Јоханес со 24 поени. Кај поразениот состав најрасположена кошаркарка беше Ниара Сабали, која запиша „дабл-дабл“ учинок од 20 поени и 13 скокови. 

Противник на француската селекција во натпреварот за пласман во финалето ќе буде белгиската селекција, која лесно ја победи Шпанија